Според изјава на висок функционер на СДСМ за порталот 360 степени за раководството на „Бихаќска“ првично не е прифатлив концептот „ротирачки премиер“ за кој, како што објави „Коха“, наводно, постигнале договор досега владејачките партии.
СДСМ, како предводник на коалицијата која освои најмногу (46) мандати во новиот состав на парламентот ќе ги почне разговорите за состав на идната влада по конститутивната седница на Собранието, на 4 август (вторник).
Соговорници од СДСМ тврдат дека засега не се водат преговори со другите парламентарни партии за состав на владата, а за информацијата што ја пренесе „Коха“ дека е постигнат договор меѓу коалаицијата „Можеме“ и ДУИ велат дека е „лажна вест“.