-Ние сме отворена партија, тоа го покажуваме секојдневно во континуитет. И покрај тоа што веќе се пријавени 5000 кандидатури за советници, даваме дополнителна можност да се пријават граѓани кои не се членови на СДСМ, но ги делат демократските, слободоумни и социјалдемократски вредности, порачуваат од СДСМ кои го објавија отворениот повик за самокандидирање на советници во општините и советот на град Скопје за локалните избори 2021 година
СДСМ низ годините се докажа како инклузивна партија, отворена за нови идеи, нова енергија. Тоа е додадена вредност на нашата понуда, на нашите политики, во интерес на граѓаните. СДСМ и на овие локални избори излегува со најдобрата понуда за секоја општина и преку кандидатите за градоначалници, но и преку листите за советници, велат од партијата.