СДСМ: Со одговорни и ефикасни економски мерки и политики градиме стабилна и развојна економија

Владата предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев континуирано спроведуваат економски мерки и политики што обезбедуваат стабилизација на економијата и враќање на претходните стапки на раст.

Во тек е шестиот пакет мерки за справување со последиците од пандемијата што значи грижа и помош за работниците и стопанството, во вредност од 17, 8 милиони евра, со кој ќе се поддржат 10.000 компании кои вработуваат околу 60.000 граѓани. – посочуваат од СДСМ.

Околу 6.000 угостители добиваат финансиска поддршка вредна 9,9 милиони евра. На сите угостители ќе им бидат покриени 30% од приходите, а овој износ ќе се пресметува како просек од просечниот месечен приход во 2019 и 2020 година.

Сите регистрирани угостителски објекти ќе добијат 15.200 денари финансиска поддршка по вработен заклучно со 6 април 2021 година.

Со 2,5 милиони евра, според истите критериуми, ќе се поддржат 1200 ресторани за свадби, компании за организирање настани, игротеки, ноќни клубови, приватни детски одморалишта, фитнес центри, фотографи и фотографски студија.

Македонската економија денес се карактеризира со високо ниво на конкурентност по успешното надминување на првичките шокови на пандемијата. Силна потврда за тоа е токму новата инвестиција на Дрекслермајер во вредност од 16 милиони евра и отворање на нови 1.000 работни места во Кавадарци и Куманово, што е доказ дека деловната клима во државата е поволна за нови инвестиции.

Од септември 2020 година до денес, ова е петти договор кој се потпишува за нова инвестиција на странска компанија во Република Северна Македонија.

И во време на пандемија се забележува континуиран раст на просечната плата. Последните податоци на Државниот завод за статистика покажуваат дека просечната плата за месец февруари е за 2,7 отсто повисока споредено со февруари лани и истата изнесува 27.948 денари.

СДСМ како одговорна партија продолжува со спроведување и реализација на мерки што ја раздвижуваат економијата и обезбедуваат поддршка за работниците и стопанството. – стои во најновото соопштение од СДСМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e