СДСМ: Нови 5.722 хектари земјоделско земјиште за храна и стратешки култури

СДСМ како одговорна партија презема мерки за зголемување на земјоделското произвдство во време на глобална економска криза и недостиг на основните прехранбени продукти на светскиот пазар.

Веќе е распишан Јавен повик за доделување на слободно земјоделско земјиште над три хектари, за одгледување на стратешки култури, односно пченица, пченка, јачмен, сончоглед, рж, ориз, овес, маслодајна репка, тритикале и добиточен грашок, велат од СДСМ.

Со оваа мерка се опфатени нови 5.722 хектари земјоделско земјиште, во 14 региони, кои ќе се доделуваат преку електронско јавно надавање.

Покрај оваа мерка на сила е и Интервентниот фонд првично проектиран на 250 а потоа проширен на 400 милиони денари со кои дополнително се стимулира домашното производство на храна.

Помошта и поддршката на земјоделците останува врвен приротет за Владата предводена од СДСМ, порачаа од партијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e