СДСМ: Никогаш да не се повтори 27 април, гласот за Сиљановска е глас за насилството и насилниците

На денешен ден пред двe години се случи најцрниот чин во историјата на демократијата кога насилници поттикнати од ВМРО-ДПМНЕ насилно упаднаа во Собранието и се обидоа да убијат пратеници и новинари. – велат од СДСМ.

Дури и по цена на убиство на пратеници и граѓанска војна, режимот на ВМРО-ДПМНЕ одбиваше да дозволи мирен трансфер на власта.

Атмосферата на национализам, насилство и линч што ВМРО-ДПМНЕ со месеци ја спорведуваше резултираше со терористичко загрозување на безбедноста, за што веќе има и правосилни судски пресуди.

На овие избори, гласот за Сиљановска е глас за насилството и насилниците од 27 април, гласот за Сиљановска е глас враќање на темното време на репресивниот режим на ВМРО-ДПМНЕ.

Граѓаните нема да дозволат да се врати режимот на Груевски, туку дополнително ќе ја потврдат предноста на Стево Пендаровски, идниот претседател на државата. – порачуваат од владејачката СДСМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e