Членот на ЦО на СДСМ, Венко Филипче денеска оствари средби со жителите на Гостивар. Се разговарше за здравствените мерки со цел подобра здравствена заштита за сите граѓани, како и подобри услови за работа на медицинскиот персонал.
Филипче истакна дека со укинувањето на квотите за лекови на рецепт во регионите на Охрид, Ресен, Струга, Дојран и околината на Гевгелија, пациентите имаат лекови во секое време во кој било ден од месецот.