СДСМ на средби со граѓаните во повеќе општини

Mашината на СДСМ е во погон. Доаѓаме во секое маало, во секоја општина, во секој град! – порачуваат од СДСМ кои денеска ке остварат средби со граѓани во Битола, Лозово, Вевчани, Маврово Ростуше, Ѓорче Петров, Врапчиште, Новаци, Демир Хисар, Струмица.
Денеска секретарот за меѓународна соработка Бојан Маричиќ, ќе оствари средби со граѓаните на Битола.
Пратеничките на СДСМ, Жаклина Лазаревска, Бисера Костадинова, Емилија Рамбамова и Славјанка Петровска ќе бидат со жителите на Лозово, Вевчани, Маврово Ростуше односно Ѓорче Петров.
Претседателот на Комисијата за земјоделие на СДСМ, Зоран Атанасов ќе ги посети жителите во Новаци , Кети Василевска жителите на Врапчиште, а Горан Козаров ќе оствари средби со жителите на Демир Хисар.
Го слушаме гласот на секој граѓанин, од секоја општина, од секој регион, затоа победуваме и затоа ќе креираме најдобра кадровска и програмска понуда што сигурно ќе донесе победа на претстојните локални избори.
Се гледаме во маало! – велат од СДСМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e