На претстојните локални избори Христијан Мицкоски го чека само голем, нов, седми пораз од граѓаните, во општините низ целата држава. Секако, под услов ако претходно не избега и не ги бојкотира изборите, како што тоа го направи на предвремените локални избори за градоначалник на општина Штип. – се вели во најновото соопштение од СДСМ.
Лажни вести, деструкции и неодговорно антидржавно однесување, тоа е се што нуди ВМРО-ДПМНЕ предводено од докажаниот губитник Мицкоски. – потенцираат од владејачката партија.
Бројните предмети, кривични пријави што се водат против дузина поранешни градоначалници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ се доказ за „резултатите“ што зад себе ги имаат оставено.
Граѓаните, нема да дозволат да се врати времето на режим на локално ниво, граѓаните се уверени дека напредок е возможен со одговорни, домаќински и чесни политики.
Затоа на локалните избори повторно ќе изберат напредокот со СДСМ да продолжи и по седми пат ќе ги поразат погубните политики на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски. – посочуваат од СДСМ.