СДСМ: Мора да им одговорност за починатото бебе на Детската клиника

Од СДСМ велат дека со голема загриженост ги следат информациите за трагичната смрт на 14 месечното новороденче на Клиниката за детски болести и она што се случува.

„Министерството за здравство и сите надлежни институции итно да ги преземат сите неопходни мерки за да се утврдат причините за овој трагичен настан за кој мора да има одговорност.

Потврдените информации дека бебето било одбиено да биде хоспитализирано се крајно загрижувачки.
Ова е втор трагичен случај за една недела во здравствените установи.

СДСМ бара подлабока анализа и целосна транспарентност во процесот на утврдување на одговорноста.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e