СДСМ до МО: Каде се становите за војниците за кои по 7 години лаги добија бројчиња на хартија?

Кога од Министерството за одбрана прашуваат што направи СДСМ за армијата, добро би било да знаат дека СДСМ заедно со граѓаните ја формираше АРМ.

За жал, ВМРО-ДПМНЕ ја спушти на дното во општеството, а војникот го задолжи во кредити како и сите останати граѓани. Војниците поради ниските плати и нередовна исплата на ниските дневници и додатоци не се кредитоспособни да добијат кредит во комерцијалните банки кои ќе го поддржат овој проект на власта кој функционира само на хартија. Ниту 5 отсто од армискиот персонал нема да го почувствува овој проект, а доказ за тоа е малиот интерес на апликанти во МО.

Проектот веќе седма година се најавува од секој министер за одбрана пред избори, а во розевиот свет на пропагандата на Груевски цело време се распоредуваат станови кои не само што не постојат, туку за кои не е ни започната градба.

Министерот Јолевски најави камен темелник за градба за која се уште нема уредна градежна дозвола, нема спроведено постапка за избор на изведувач, но тоа е стилот на ВМРО-ДПМНЕ, сликај се со лопата, саморекламирај се, и со тоа си ја завршил работата.

Ваквите состојби и понижувачки однос кон војската наскоро ќе завршат. По 11 декември доаѓа одговорна власт која што ќе се грижи за одбраната и безбедноста на државата. – реагираат од СДСМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e