СДСМ: Милошоски фатен во нова лага

Антонијо Милошоски главен дезинформатор во ВМРО-ДПМНЕ се обиде да се сокрие зад социјалните мрежи порачуваат од СДСМ.

Наместо да излезе и да одговори какви пресуди и за какви дела добил во Германија во 2004 и во 2005 година, кусо време пред да стане министер.Според информации, но и документи објавени јавно во повеќе медиуми, судот во градот Ахен пресудил дека Милошоски сторил кривично дело и затоа бил осуден и казнет. Сега Милошоски е фатен во нова лага. – велат од СДСМ.

За овој голем домашен, но и меѓународен срам, тој, но и неговиот шеф Христијан Мицкоски имаат обврска да излезат пред граѓаните.

Тоа што Мицкоски го покрива Милошоски говори дека и тој е на страната на лагата, срамот и криминалот. – стои во најновото соопштение од СДСМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e