СДСМ: Мицкоски потона во криминалот на ВМРО ДПМНЕ, за Талир 2 се е јасно, да ги врати украдените пари

„Виде народот денеска дека Христијан Мицкоски ја разбира правдата исто како неговиот ментор Никола Груевски.

Тој да седи во скапиот бел дворец, со вазни од 180.000 евра и плочки од 100.000 евра и да кажува на судот како да суди.

Во судскиот процес Талир 2 се е јасно, ВМРО-ДПМНЕ на незаконски начин се стекнала со имот меѓу кој и Белиот дворец и уште 30ина простори низ државата.

Наместо да бараат изговори, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски да ги вратат парите“, се вели во соопштението на СДСМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e