СДСМ до Мицкоски: Кажи која е алтернативата за ЕУ и НАТО за да можеш да учествуваш на ТВ дуел

За да може да учествува на каков било ТВ дуел Христијан Мицкоски прво треба да собере храброст и да каже јасен став за најважните прашања за иднината на Македонија, за членство во ЕУ и НАТО со прифаќање на Договорот од Преспа.

Мицкоски, охрабри се, кажи јасен став, која е алтернативата на ЕУ и НАТО?

Мицкоски, кажи зошто си против НАТО, зошто си против ЕУ?

Освен што ги брани криминалите на неговиот ментор Никола Груевски, Мицкоски досега не кажал јасен став за најважните прашања, дали е за членство во ЕУ и НАТО преку прифаќањето на Договорот од Преспа. Напротив, со своите јавни настапи, со своите активности Мицкоски јасно се профилира анти ЕУ и анти НАТО.

Со таквите ставови, Мицкоски покажува дека е дел од антизападната матрица на некогашниот сопартиец Филип Петров, некогашниот коалициски партнер Јанко Бачев и гласноговорникот на режимот, Миленко Неделковски, стои во реакцијата од СДСМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e