На Христијан Мицкоски му е криво што не му успеа планот со Мијалков, што потфрли во исполнувањето на неговата единствена задача да ги одбрани криминалите на луѓето што го поставија на чело на белиот дворец. – порачуваат од СДСМ.
Мицкоски не се грижи за граѓаните, ниту за правдата, се грижи како да го заштити својот ментор Груевски, да ги заштити Мијалков, Камчев, Милошоски, Димовски, Јанушев и сите останати сегашни и поранешни функционери на ВМРО ДПМНЕ, против кои се водат процеси пред надлежните судови. – велат од партијата во најновото соопштение.
На Мицковски му тежи тоа што Оливер Спасовски успешно се справува со криминалот и корупцијата.
Но тоа е негов проблем. Интерпелацијата за Спасовски нема да помине.
Сите обиди на Мицкоски да го одбрани криминалот на ВМРО-ДПМНЕ пропаднаа, а допрва ќе си ги гледа поразите на тема правда.
Патот на правдата е чист и се почесто ќе гледаме спроведена правда за сите кои се обидуваат да се стават над законот. – децидни се од СДСМ.