СДСМ: Мицкоски да понесе одговорност за режирање на сценариото што требаше да предизвика етнички конфликт

„Антиевропската коалиција предводена од ВМРО-ДПМНЕ, треба да понесе одговорност за неуспешното мрачно, крваво сценарио за создавање тензии, конфликти и загрозување на стабилноста. Одговорност треба да понесе Мицкоски, кој го режираше сценариото што требаше да предизвика етнички конфликт и државата да ја одведе во хаос и неизвесност“, соопштуваат од владеачката СДСМ.

„Залудно Мицкоски се претставува како жртва, неговото деструктивно однесување за блокирање на интеграцијата на државата во Европската унија поминува само кај неговиот коалициски партнер, Левица.

ВМРО-ДПМНЕ да се откаже од блокадите и деструкциите и да не бега од дебата во Собранието.

Парламентот е вистинското место за одлука околу заклучоците за последниот европски предлог за почеток на преговорите со ЕУ.

Сите парламентарни партии имаат одговорност пред граѓаните и пред државата, да се вклучат во процесот и преку дебата и конструктивност да придонесат во носењето на конечната одлука“, додаваат оттаму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e