Новите мерки и масовната вакцинација се во насока на заштита на здравјето на граѓаните и колективното здравје откако новиот сој на корона вирусот почна да се шири, порачуваат од СДСм во најновото соопштение.
Мерките кои веќе се применуваат во многу други земји, не ги делат луѓето туку го заштитуваат нивното и колективното здравје.
Ничие лично право не е и не може да биде над правото на заштита на здравјето на граѓаните.
Наместо да повика на доследно почитување на постоечките мерки за заштита и масовна вакцинација на граѓаните медицинскиот пироман Христијан Мицкоски повторно е на страната на корона вирусот.
Од самиот почеток на ковид кризата Мицкоски прави се да го поткопа системот, да поттикне непочитување на мерките и да ги одврати луѓето од масовната имунизација.
Делувањето на пироманот Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се на директна штета на здравствениот систем и претставува опоасност по здравјето на граѓаните.
Граѓаните го казнија ова некрофилно и пироманско однесување на Мицкоски и тоа ќе го сторат повторно.
Апелираме граѓаните да ги почитуваат новите мерки и да се вакцинираат. Повеќе вакцинирани, значи помалку хоспитализирани и помалку рестрикции, значат заштита на здравјето на сите. – велат од СДСМ.
