СДСМ: Македонија ги почнува преговорите со НАТО, пратениците да го обезбедат членството преку усвојување на уставните измени

Република Македонија ги започна пристапните преговори за членство во НАТО Алијансата.

Зборот е збор, од заробена држава до пред две години, денес Македонија почнува процес за полноправно членство во НАТО, а одлучно чекори и кон ЕУ преку започнатиот процес на скрининг.

Успехот на реформскиот процес започнат од Владата предводена од СДСМ е препознаен од сите земји членки на Алијансата како исполнување на потребните стандарди за целосна интеграција во НАТО.

Македонија влегува во процесот на преговори целосно подготвена да ги прифати и примени обврските од Договорот од Вашингтон, како основачки акт за НАТО кој ги уредува принципите за членство во Алијансата и со целосна посветеност ќе зеде учество во политиките и структурите на НАТО.

Патот е отворен, а иднината во НАТО е извесна, Македонија ќе биде 30-та земја членка на НАТО.

Сега, останува сите пратеници во Собранието да го направат последниот чекор и да го заокружат Договорот од Преспа, преку усвојување на уставните измени кои го зајакнуваат македонскиот идентитет и го отвораат патот за членство во НАТО и почеток на преговори со ЕУ.

Пратениците имаат одговорност пред граѓаните да ја следат мнозинската волја и да обезбедат европка иднина на Македонија. – велат од СДСМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e