„Раководството на Левица, со своето однесување станува дел од ретроградните структури што дејствуваат против стратешките интереси на граѓаните и државата и истовремено е погласна дури и од Груевски во намерите Македонија да се откаже од членство во ЕУ и НАТО.“ – вели СДСМ во соопштението до јавноста.
„Левица, субјектот за којшто не е до крај јасно дали е политичка партија или невладина организација, очајнички се обидува да се факторизира продуцирајќи лажни вести исто како и ВМРО-ДПМНЕ. Залудни се обидите на истомислениците на Груевски и Мицкоски, да ја вратат Македонија во времето на поделби и изолации. Македонија чекори кон напредок, економски раст и интеграција. Македонија е едно општество во кое радикалните структури се поразени.“ – реагираат од владејачката партија.
„Премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев продолжува да работи во интерес на граѓаните и државата и ниту еден обид за дефокусирање од страна на Левица не може да го засени успехот на Владата предводена од СДСМ како на домашен, така и на меѓународен план.“ – стои во соопштението.
