Денеска пресконференција оддржа Ивана Младеновска од СДСМ Крива Паланка на тема образование, во врска со непотизмот што се јавува во кривопаланечкиот образовен систем.
“Образованието во Крива Паланка е во комплетен хаос.
На двајца професори по физичко образование не им е продолжен договорот за работа и тие од први септември се без работа”.
“Од друга страна, директорот на ООУ „Илинден“ којшто вчера без срам се појави во јавноста од партиската говорница на ВМРО-ДПМНЕ, ја вработи својата сопруга, инаку дипломиран метеоролог, на нессодветно работно место, во истото училиште”.
Претседател на Училишниот одбор во средното општинско училиште е сопругата на актуелниот градоначалник на Крива Паланка”
“Во „ООУ „Јоаким Кричовски“ се чека исходот од истрагата за криминалните набавки и тендери спроведени претходната година.”…