СДСМ Кавадарци: Власта неспособна да го реши проблемот на лозарите!

“Владината мерка за помош при откупот на грозје, која Владата и градоначалникот Александар Панов ја промовираа пред неколку дена, поввторно не даде резултат. Повторно на површина исплива неспособноста на Владата на ВМРО-ДПМНЕ да се справи со проблемите на земјоделците.” – изјави Зоран Ѓорѓиев, претседател на ОО СДСМ Кавадарци.

“Ситуацијата на терен е иста како и пред носењето на фамозната мерка за помош. Откупот е запрен, пунктовите се празни, а земјоделците се изманипулирани. Наместо вистинска помош, земјоделците добија ненаплатени долгови, инспекции, ниски откупни цени и огромна количина на непредадено грозје кое скапува.

Го повикуваме градоначалникот Панов итно да се појави помеѓу граѓаните на Кавадарци, да ги прекине манипулациите и да им објасни на лозарите како ќе се надмине оваа вештачки создадена криза.

Лозарите и сите останати земјоделци не заслужуваат ваков третман од државата. Тие мора да бидат исплатени за секој килограм грозје и за сиот труд кој секојдневно го вложуваат. По промените на 11 декември, новата влада предводена од СДСМ ќе се фокусира на обезбедување квалитетен живот на лозарите и земјоделците. Новата влада предводена од СДСМ навистина ќе се грижи за земјоделството бидејќи тоа е една од најважните стопански гранки во Македонија.” – додаде Ѓорѓиев.

За поврзани вести продолжете надолу

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e