“Граѓаните на Кавадарци осиромашуваат а функционерите на ВМРО-ДПМНЕ се богатат.
Додека лозарите се соочуваат со најтешката година при откупот на грозјето и неизвесна е нивната егзистенција затоа што родот им скапува на нивите.” – изјави Зоран Ѓорѓиев, претседател на ОО СДСМ Кавадарци.
Додека работниците од Кавадарци и Тиквешијата работат во приватни и странски компании за едвај 9.000 денари, и тоа за викенди и празници.
Претседавачката на Совет, Горица Пеливанова во анкетниот лист има пријавено три стана во Скопје и два во Кавадарци во вредност од 536.000 евра. Според моменталната евиденција на Катастар, Пеливанова поседува два стана во Скопје и два стана во Кавадарци.
Зошто Пеливанова не пријавила промена на имотна состојба со продажбата на станот во Скопје во вредност од 250 илјади евра?
Каде завршиле 250 илјади евра?
Станови во Скопје се омилен начин на трупање на богатството на поединците од ВМРО-ДПМНЕ.
Советникот од ВМРО-ДПМНЕ Златко Ташев станал сопственик на два стана од 2009-2016 година, во Кавадарци и Скопје. Становите се со вредност од над 80 илјади евра, пријавени на име на неговата сопруга.
Зошто Ташев не ја пријавил промената на имотната состојба?
Граѓаните што едвај врзуваат крај со крај прашуваат како функционерите на ВМРО-ДПМНЕ успеале да заштедат стотици илјади евра за станови во Скопје?
Државна комисија за спречување корупција има обврска да ја провери имотната состојба на овие лица и да преземе соодветни законски мерки.
На 11 декември, граѓаните ќе им кажат збогум на корумпираните и истрошени политичари од ВМРО-ДПМНЕ и ќе изберат чесни, одговорни и способни луѓе коишто ќе донесат подобар живот за сите. – додаде Ѓорѓиев.
За поврзани вести продолжете надолу