СДСМ го повика Мицковски да ги открие причините поради кои ги следи погубните политики на неговиот Груевски

Во целост ви го пренесуваме соопштението до јавноста од владејачката СДСМ: 

Антизападниот пион на Никола Груевски, Христијан Мицкоски, вчера повторно побегна од јавноста.

Од поврзаноста со криминалите на Никола Груевски не може да се побегне.

Наместо да се крие зад конфузни и нејасни реакции, антизападниот и антинародниот Христијан Мицкоски треба да излезе пред граѓаните и да одговори:

Каква е поврзаноста на антизападниот Мицкоски со компанијата Енерготек ДОО Скопје?

Дали оваа компанија учествувала во конзорциум што добил концесија за користење на вода и закуп на земјишта за мали хидроцентрали, од Владата на неговиот ментор Никола Груевски?

Дали тоа што бил советник на носителот на криминалот Никола Груевски, му помогнало на антизападниот Мицкоски?

Очигледно е дека постојат причини поради кои антизападниот Мицкоски ги следи погубните политики на неговиот Груевски и затоа по секоја цена се обидува да ја закочи иднината.

Ова е уште една причина преостанатите пратенции на ВМРО-ДПМНЕ да ги напуштат овие антизападни и криминални политики на Груевски и Мицкоски и да се приклучат на процесите што обезбедуваат иднина во ЕУ и НАТО.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e