СДСМ: Го поддржуваме предлогот пратеници да бидат само лица кои имаат единствено македонско државјанство, но тоа да важи и за сегашниот собраниски состав

СДСМ поддржува пратеници да бидат лица кои имаат единствено македонско државјанство, но тоа да важи и за пратениците од актуелниот пратенички состав, порачуваат од СДСМ.

Исто така, предлагаме пратеници да не може да бидат лица кои се осудувани за кражби во други држави, како на пример лицето Антонио Милошоски, односно лица кои со своите незаконски дела го нарушуват имиџот на земјата.

Сепак, поважно од сѐ, наместо да чека законски измени, пратеникот Антонио Милошоски, како осудено и казнето лице во Германија за кражба, за кого се водат предмети пред македонските судови треба да си даде оставка. – велат од партијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e