СДСМ го објави слоганот со кој ќе настапува на изборите

СДСМ го објави слоганот со кој ќе настапува на изборите и тој ќе гласи: Можеме! Уште повеќе. Уште подобро!

Ова беше одлучено вечерва по оддржувањето на Конгресот на кој се презентираа и петте столбои на кои ќе се темели изборната програма на СДСМ:

– 100.000 нови работни места и голем раст на сите плати! Минимална плата од 300 евра и просечна плата од 600 евра до крајот на мандатот.
– Гарантирана минимална помош за 34.000 домаќинства, а детски додаток за 65.000 деца.
– Прочистување во правосудството! Судиите кои застаруваат предмети ќе бидат разрешени по автоматизам.
– Влеговме во НАТО –А можеме и во ЕУ! До 2024 ќе се остварат 80% од поглавјата за интеграција во ЕУ. Од европски фондови се обезбедуваат 2 милијарди евра за Северна Македонија.
– Сите за ЕКО држава! Следува строга контрола и високи казни за загадувачите, а помошта за нашите граѓани за современ и еколошки начин на загревање продолжува уште повеќе и уште подобро.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e