СДСМ: Докажуваме дека борбата против криминалот не познава партиски бои

Штитење на криминалци и сокривање на криминалот е одлика единственo на ВМРО-ДПМНЕ. – порачуваат од СДСМ.

Единствениот криминален октопод е сместен во Будимпешта и е раководен од Никола Груевски а ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски се само неговите пипци кои очајно се обидуваат да го одбранат неговиот криминал.

СДСМ покажа дека борбата против криминалот не познава партиска припадност и таа треба да биде бескомпромисна и неселективна.

Доказ за тоа е и новиот Закон за јавно обвинителство кој наскоро влегува во собраниска процедура.

Закон за кој ВМРО-ДПМНЕ очајно бара алиби да не го прифати.

Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ избегаа од лидерската средба и застанаа на спротивната страна од правдата и одговорноста.

Република Северна Македонија е правна држава во која владеат законите. Секој оној за кој ќе се докаже дека постпапувал незаконски ќе одговара. – велат од СДСМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e