СДСМ: Додека одржуваме внатрепартиски непосредни избори, нереформираната ВМРО-ДПМНЕ одржува конгрес на кој се се знае однапред

„Во ВМРО-ДПМНЕ ништо не се менува, тоа е стара нереформирана партија, СДСМ постојано се менува и подобрува.

Во СДСМ утре се одржуваат избори за претседател со тројца кандидати, а претседателот го бираат членовите партијата. Тоа е врв на демократија незамислива за ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ утре одржува конгрес на кој се се знае однапред, таму има само еден кандидат а одлучуваат само инсталациите на Груевски.

Тоа е огромна вредносна разлика помеѓу демократскиот одговорен пристап на СДСМ и режимската матрица на ВМРО-ДПМНЕ“, се вели во соопштението на СДСМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e