СДСМ: Цел ден срамен молк на Мицкоски, зошто прифатил Резолуција на ЕПП со ставови на Бугарија?

„Цел ден граѓаните се сведоци на срамен молк од Христијан Мицкоски.

Ниту од Мицкоски ниту од Белиот дворец нема никаков одговор околу гласањето на ВМРО-ДПМНЕ за Резолуцијата на ЕПП со ставовите на Бугарија.

Наместо да се крие Христијан Мицкоски да излезе пред граѓаните и да одговори зошто го прави ова?

Зошто дал зелено светло за Резолуција на ЕПП со ставови на Бугарија?

Зошто Мицкоски ја поткопува државата позиција во однос на Бугарија?

Зошто ова и го прави на сопствената земја, на сопствениот народ?“, прашуваат од СДСМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e