СДСМ Битола: На повидок уште еден скандалозен тендер

“Градоначалникот од ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Талески, трет месец е во домашен притвор а раскрчмувањето на имотот на општината продолжува.

Во 2010 година Општина Битола превзеде објекти и имот на поранешната Касарна кои во себе содржеа функционални вредности.” – обвини Борче Корлевски, портпарол на ОО СДСМ Битола.

“Но, она што се наметнува како прашање е дали општина Битола се однесувала домаќински кон имотот кој го добила на владение?

Ако се земе предвид фактот дека опремата во објектите на АРМ (пекара, котлара, разладни комори, фискултурна сала, перална, парновод) претставувала синоним за квалитет и фактот што во моментот кога им беа предадени на Општината објектите беа во функционална состојба, тогаш зачудува како тоа цел движен имот се продаде за смешна цена од околу 10.000 евра како старо железо?

Поради овие причини О.О СДСМ ке поднесе пријава до ОЈО Битола против Владимир Талески и Н.Н. лица вработени во Општина Битола за злоупотреба на службената положба и овластување(член 353 од КЗ)

Имајќи во предвид дека тендерот за продажба на старо железо е објавен во време кога битолскиот градоначалник е во домашен притвор, го повикуваме Специјалното јавно обвинителство и одделот за економски криминал при СВР Битола да проверат под какви околности е распишан тендерот и со каква документација.

Овај најнов случај е врв во недомакинското и расипничкото работење на Општина Битола.

Но доаѓа време на промени, сите што се огрешиле пред законот ќе одговараат.

Македонија повеќе не може да ги издржи ВМРО-ДПМНЕ.” – додаде Корлевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e