СДСМ: Бездушното ВМРО-ДПМНЕ се радува што пратеници се заболени од коронавирус

ВМРО-ДПМНЕ се толку бездушни што се радуваат на тоа што пратеници се заболени од коронавирусот.Наместо пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да присуствуваат на седници и да ја работат својата работа за која се платени од граѓаните. – порачуваат од СДСМ.

Од почетокот на пандемијата па до денеска ВМРО-ДПМНЕ е на страната на вирусот, против граѓаните, против здравствениот систем.

Јавноста памети како Христијан Мицкоски ги кршеше мерките и забраните за заштита од КОВИД 19, како одеше по фитнес центри и кафеани, како организираа јавни собири и протести без мерки на заштита, како нивниот Вело Марковски ги поттикнуваше граѓаните да не носат маски и велеше дека вирусот не е опасен, а Унијата на млади сили организираше некрофилски кампањи.

Денеска, опозициската ВМРО-ДПМНЕ предводена од Мицкоски проби ново дно во нивната бездушна и честопати некрофилска политика, овој пат радувајќи се на заболени пратеници. – се вели во денешното соопштение од СДСМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e