Данела Арсовска работи против интересите на Градот Скопје и на граѓаните, велат од СДСМ.
Арсовска, заради лични каприци поништи јавен оглас кој беше на крајот од процедурите и со кој требаше да се вработат 20 нови пожарникари во Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје. Иако е евидентен недостигот на пожарникари во Град Скопје, деструктивната Арсовска го спречи вработувањето на пожарникарите, со што ја загрозува општата безбедност на градот и граѓаните. Во изминатите четири години Град Скопје, раководен од СДСМ, сериозно инвестираше во унапредување на условите за работа на пожарникарите, стои во соопштението од СДСМ.
Платата на пожарникарите се покачи за 20 отсто, а беше инвестирано во нова современа опрема за поголема заштита и поефикасна работа на пожарникарите.
Данела Арсовска пред граѓаните го разоткрива своето режимско лице и покажува дека работи исклучиво за лични и партиски цели, порачаа од СДСМ.
