Шест години од 17 мај, денот кога со срце и душа, заедно со граѓаните, сплотени, излеговме и гласно рековме НЕ на режимот. Заедно со граѓаните рековме „доаѓаме“ и успеавме, го победивме режимот, ја вративме слободата и демократијата! – порачуваат од СДСМ.
Денеска нашата татковина е слободна, демократска, праведна држава. Земја пријател на светот, полноправна членка на НАТО и со исполнети услови за ЕУ.17 мај ќе остане запаметен во историјата засекогаш. Бидејќи слободата нема цена! – велат од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија.