Саздо замина – останаа сеќавањата и „заклетвата“ на Комити

Навивачот на Вардар, Никола Саздовски „Саздо“, денеска беше испратен во вечното почивалиште од своите најблиски и верните навивачи Комити.

Сигурно дека ова младо момче ќе биде запаметено со име и презиме во навивачката група на Вардар, но останува горчината да не потсеќа на вакви гнили моменти во навивачката историја на нашата земја, велат дел од навивачите.

Навивачката група Комити даде ветување дека на било кој начин Саздо ќе ја добие правдата и дека тие ќе ја истераат до крај.

Бајракот на Вардар и Комити денеска се вееше, но без Саздо…

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e