Савевски: Апасиев има раскрстено со левичарските идеи

Во Отвореното Студио 1 на 1ТВ со Елена Милошевска и Јана Јосифоска гостуваше активистот Здравко Савевски кој се осврна на преврирањата во „Левица“. како и на средбата меѓу Димитар Апасиев и кандидатката за претседател Гордана Сиљановска Давкова.
Самото тоа што Апасиев реши да ги актуелизира овие прашања пред први мај наштетувајќи на организарањето на протестите за први мај покажува дека работничките права ништо не му значат. Дека тој реши отворено да поддржи еден од кандидатите можат сите да видат од неговите натписи и сето она што се случуваше во „Левица“ беше иницирано од негова страна да испадне дека Левица ќе ја подржи Сиљановска за кандидатура може да се види. Ние изгубивме судски процес каде 100% од аргументите беа на наша страна. Тој беше правен застапник на Левица, но беше разрешен. Судот не сакаше тоа да го земе предвид, но ние ќе се жалиме на Апелација во врска со тоа, нагласи Савевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e