Самохраните родители за финансиската помош од 6000 денари од државата да поднесат барања во центарот за социјална работа

Центрите за социјална работа соопштуваат дека самохраните родители барањата за остварување на финансиска поддршка во износ од 6000 денари за самохрани родители, можат да ги поднесат во надлежниот центар за социјална работа.

„Самохраните родители треба да поднесат барање со потребна документација (извод од матична книга на родени, извод од матична книга на умрени, потврда за исчезнат родител, и потврда за привремена спреченост поради лекување, издржување казна затвор )

Самохран родител е родител кој сам ги врши родителските права и должности за детето, поради тоа што другиот родител е непознат, починат, исчезнат или од оправдани причини привремено или трајно не ги извршува родителските права и должности евидентирани во Министерството за труд и социјална политика и Министерството за образование и наука, родител на дете за кое остварува право на детски додаток и/или право на додаток за образование заклучно со 27.09.2020 година.

Барањата се поднесуваат до 17.12.2020 година“, стои во соопштението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e