Министерот за здравство Беким Сали потврди за Канал 5 дека дел од КАРИЛ бил поплавен во вчерашното невреме и затоа нема да се примаат нови пациенти.
Вчерашното невремето предизвика поплава во Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување, КАРИЛ. Моментално на Клиниката не се примаат нови пациенти. Оваа информација за Канал 5 ја потврди министерот за здравство, Беким Сали. Тој вели дека КАРИЛ не е целосно затворена, туку таму и натаму има пациенти. Министерот Сали вели дека се поплавени магацински простории на КАРИЛ, а поради безбедносни причини не се примаат нови пациенти и се препраќаат во други болници.
Пациентите од Скопје во ГОБ 8 Септември и во Клиничката болница Наум Охридски
Пациентите од источна Македонија во Клиничката болница Штип
Пациентите од централна Македонија во Клиничката болница Битола
Пациентите од западна Македонија во Клиничката болница Тетово
