САД загрижени поради именувањето на Хоџа и Бошкоски за советници на Заев

Реакција за двајцата советници на премиерот Заев, Џезаир Шаќири и Љубе Бошкоски пристигна и од амбасадата на САД во Скопје.

Од таму, за тв21 потврдуваат дека изразиле загриженост поради новоименуваните функционери кои се наоѓаат на црната листа на САД.

Црната листа се користи за блокирање и ограничување на патувањата на граѓани непожелни во Америка поради националната безбедност, пишува во соопштението на американската амбасада во Скопје.

Извор: 24ТВ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e