Претставници на Американската амбасада во Македонија интензивно се среќаваат со другите политички партии на Албанците, откако пратениците на ДУИ и ДПА во вторникот не гласаа за поддршка на законите за Специјалното јавно обвинителство (СЈО). Движењето за реформи на ДПА на Зијадин Села и Беса соопштија дека имале средби со американски делегации денеска, а Унитети на Г’зим Острени за САКАМДАКАЖАМ.МК потврдил дека со претставници на американската амбасада ќе се сретне утре.
Зачестените средби на американските дипломати со помалите партии на Албанците во Македонија доаѓаат откако традиционалните партнери на САД од албанскиот политички блок од ДУИ во вторникот се солидаризираа со ВМРО-ДПМНЕ во блокирањето на работата на СЈО за која Американците сметаат дека е клучна институција за излез на Македонија од политичката криза што би ја вратило земјата на евро-атлантскиот пат.
Само четворица пратеници на ДУИ гласале за продолжување на рокот за истраги на Специјалното јавно обвинителство и за барањето на Катица Јанева дополнително да ги заштити заштитените сведоци.
За поврзани вести продолжете надолу