Рот: Истрагите да продолжат, СЈО да стане дел од редовниот судски систем

Што ќе се случи со мандатот на СЈО по завршувањето на пропишаните рокови со Пржинскиот договор – ВМРО ДМПНЕ против продолжување. Власта начелно смета дека треба да се продолжи работата на СЈО. Сепак со оглед дека во Собранието е потребно 2/3 мнозинство за промени на законите што произлегоа од Пржинскиот договор – останува неизвенсо дали или како ќе се влегува во креативни решениа.

Денеска државниот министер за европски прашања во МНР на Германија, Михаел Рот на средбата со премиерот Зоран Заев порача, доколку опозицијата е против продолжување на мандатот на Специјалното јавно обвинителство ова тело мора да се интегрира во редовното обвинителство бидејќи истрагите поврзани со прислушувањето мора да продолжат.

„Двотретинското мнозинство е предуслов за продолжување на мандатот на СЈО. Но, ме информираа дека опозициија на е против тоа, затоа треба да го интегрирате ова обвинителство во редовните структури на обвинителството. Тоа е прагмтаично решение и ако функционира, тоа е сосема во ред.“ – изјави Михаел Рот –   државен министер за европски прашања во МНР на Германија.

Ова решение го потврди и премиерот Заев, кој нагласи дека мандатот за поднесување нови предмети на СЈО е завршен, но дека се работи на интегрирање на обвинителството во редовниот судски систем.

И додека се решава статусот  СЈО нема можност да поднесува обвиненија. Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева  најави дека ќе продолжи  да „гони корупција од висок профил“, додавајќи дека тие се подготвени да поднесуваат обвиненија доколку за тоа се најде институционално решение.СЈО досега има отворено десетици истраги и подигнато обвиненија против бројни политичари и државни функционери меѓу кои се Никола Груевски, Гордана Јанкуловска Елизабета Канческа – Милевска, претседателот на ДУИ – Али Ахмети и поранешниот градоначалник на Битола Владимир Талески.

Извор: 24ТВ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e