Рот: Да се создадат предуслови за уставни измени – државните пред партиските интереси

Да се создадат предуслови за уставни измени, а политичарите да и служат на државата , а не на партијата. Ваква порака денеска од Скопје испрати поранешниот германски министер за Европа и сегашен пратеник и претседател на комисијата за надворешна политика во Бундестагот- Михаел Рот.

Тој вели дека има разбирање за фрустрацијата и разочараноста од ЕУ, но дека дошол со цел – да ги охрабри граѓаните и политичарите за следниот чекор кон ЕУ.

Михаел Рот претседател на комисијата за надворешна политика на германскиот Бундестаг – Јас се надевам дека сега во македонскиот парламент ќе се создадат предуслови за да се продолжи ангажирано со пристапните преговори. Знам дека на многумина воопшто не им паѓа лесно кога станува збор за промената на Уставот , но секој треба да си го постави прашањето – како најдобро да ѝ служам, придонесам и помогнам на мојата држава, а не на мојата партија.

Рот уште пред средбите со државниот врв твитна на македонски јазик , а потоа им порача на Македонците дека нема да чекорат сами и дека надежта е клучот..

А вицепремиерот Маричиќ во разговор за ТВ 24 кажа дека денеска на масата на разговори со Рот биле и уставните измени и дека добил уверување дека и Бундестагот ќе се вклучи во процесот.

Бојан Маричиќ вицепремиер за европски прашања 1.32мин – Сите, па и германскиот Бундестаг ќе се ангажираат за предлогот кој што го прифативме и неговото спроведување со промената на Уставот. Ни рековме дека ќе отвориме платформа со сите партии и дека секој пратеник ќе треба да си одговори на прашањето дали е за членство на Северна Македонија во ЕУ или не.

А ВМРО ДПМНЕ засега останува на истата тврда позиција. По средбата со Рот – претседателот на собраниската комисија за надворешна политика Милошоски се обрати на фејсбук.

Антонио Милошоски ВМРО ДПМНЕ – Ја искористив приликата да го повторам ставот на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, дека сме против уцените од Бугарија за смена на Уставот.

Михаел Рот денеска имаше полна агенда средби, меѓу кои – со шефот на државата Пендаровски, со собранискиот спикер Џафери, но и со лидерот на опозициската ВМРО ДПМНЕ Мицкоски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e