Ристовски: Не е никаква тајна долгот на ВМРО-ДПМНЕ од претседателските избори

Заменик министерот за правда, Оливер Ристовски на денешната дебата на ТВ24 изјави дека не е никаква предизборна игранка истрагата на Јавното обвинителство за која јавноста дозна денеска, а тоа е изборниот долг на ВМРО-ДПМНЕ од последните претседателски избори.

-Истрагата нема никаква позадина поврзана со предвремените парламентарни избори. Не е спорен долгот од 400 илјади евра, така ја затвориле сметката иако така не смеат да ја затворат. Исто така недозволиво е тоа што кажаа дека овој долг ќе се плати од редовната сметка на партијата, вели Ристовски.

На обвиненијата на адвокатот Тони Мекиновски, Ристовски изјави дека обвинителството добро си ја работи работата и дека ниту една партија не треба да се меша во тоа. Тој смета обвинителството било во зимски сон за време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ.

-Не се мешаме во работата на обвинителството. Тоа не е сега во зимски сон, беше во сон со Зврлевски, апсеше толку многу соработници на СДСМ и ништо друго не гледаше. Сега конечно се разбуди и најверојатно на некому тоа не му одговара, вели Ристовски.

Во однос на членот 11, заменик министерот за правда истакна дека иницијативата во Собранието е направена од причина што некој сакал повторно од фиока да го извади помилувањето на Иванов.

-Иницирано беше затоа што сака некој да го извади од фиока помилувањето на Иванов. Слушнавме вчера многу убаво дека законодавно правната комисија донесе одлука воопшто да не постапува.Од ВМРО-ДПМНЕ беа таму, можеа да кажат нешто, но ништо од тоа, вели Ристовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e