Заменик министерот за правда, Оливер Ристовски и претседателот на комисијата за правда на ВМРО-ДПМНЕ Тони Мекиновски, на вечерашната дебата на ТВ24 се согласија дека експретседателот Ѓорге Иванов, треба да одговара за помилувањето доколку згрешил пред законот.
-Доколку мене лично ме прашувате Иванов треба кривично да одговара за аболицијата на 52 лица која потоа беше повлечена, вели Ристовски.
На ова се надоврза и Мекиновски кој додаде дека доколку Иванов навистина се огрешил пред законот треба да одговара за помилувањето.
-Нема пардон во тој дел, ВМРО-ДПМНЕ нема хипотеки. Кој се огрешил пред законот треба да одговара, рече Мекиновски.