В.Д. помошникот секретар за Европа и Евроазија на САД, Филип Рикер на денешниот прес во Владата изјави дека САД силно ја поддржуваат европската иднина на Северна Македонија.
– Јавноста очекува истрагите да продолжат и да се покаже дека владеењето на правото се применува, а никој не е над законите.
Рикер зборуваше и за Законот за Специјалното јавно обвинителство
-Време е работите да се придвижат. САД сака да работи со сите политчки партии во Северна Македонија и мораме да видиме разумни напори. Усвојувањето на Законот за ЈО (СЈО) треба да се донесе и ја поттикнувам опозицијата да се придвижи во таа насока – изјави тој.