Решение со Скопје – најголем приоритет на идното бугарско МНР

Максимално брз работен процес за надминување на спорот меѓу Софија и Скопје – ова го најави партијата „Продолжуваме со промената“ на двоецот Кирил Петков и Асен Василев, која според изборните резултати од парламентарните избори изби на прво место, пред ГЕРБ на Бојко Борисов.

Уште синоќа, по првите неофицијални резултати, Кирил Петков, еден од копретседавачите на партијата, од БНТ доби најдиректно прашање: Имате ли конкретни одговори на прашања кои уште сега се поставуваат – на пример, позицијата на Бугарија кон Северна Македонија во однос на проширувањето на ЕУ – имате ли категоричен став што треба да се направи сега?

„Да, имаме категоричен став што треба да се направи. Треба веднаш да направиме работни групи од двете земји, и Бугарија, и Македонија, кои ќе вклучуваат историчари, но ќе вклучуваат и луѓе од бизнисот, од културата, од образованието, и да почнеме да разговараме, не само за историја, туку да разговараме за сѐ што може да постигнеме ако имаме добрососедски односи. Крајно време е да сфатиме дека не е нормално за да стигнам до Скопје да летам преку Виена, не е нормално да немаме железничка линија која ќе нѐ поврзува, не е нормално на бугарскиот бизнис да му е полесно да продава во Австралија, отколку во Македонија. Истото важи и за нашите колеги во Македонија. Ние треба да почнеме да зборуваме за сите нешта за кои може да имаме полза од добрососедските односи. Треба да ги направиме тие работни групи, тие да имаат јасни цели и ангажман за средба, на пример, еднаш месечно. Така што, да не се зборува само за ‘пред шест месеци’ и ‘да се фрла камен во соседното село’, ако може така да се изразам, туку реално да имаме работни групи. Ние треба да си ги заштитиме нашите национални интереси, тие треба да си ги заштитат нивните, но со заеднички услов – дека и двете земји може многу да постигнеме од добрососедските односи”, изјави Петков.

Целиот текст на Дојче Веле.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e