“Кога ќе тргнеш во битка без муниција резултатот е повлачење ! А што се чудам …, тој девојката ја остави и побегна, не па на суд ќе се појави со мене !” – напиша на Фејсбук, Фросина Ременски и го објави решението од судот со кое тужбата која ја поднесе поранешниот министер Диме Спасов, против Ременски, се смета за повлечена, бидејки Спасов не се појавил на суд, иако бил уредно повикан и не го оправдал својот изостанок.