Поранешната функционерка на СДСМ, Фросина Ременски, утре треба да даде исказ во Јавното обвинителство за гонење организиран криминал за случајот „Рекет“, дознава„Плусинфо“.
Пратеничката на владеачката партија е почесна претседателка на Меѓународен сојуз на Бојан Јовановски Боки 13. Таа веќе ги демантираше гласините дека заедно со нејзиниот сопруг е вмешана во аферата во која засега осомничени се Бојан Јовановски, Зоран Милевски и Катица Јанева.
„Селективното презентирање на содржината од објавениот записник со манипулирање и насочување кон заклучоци и новинарски интерпретации за некаква моја вмешаност и вмешаност на мојот сопруг во случајот Рекет, ги ценам како груби клевети и невистини. Овој текст продуцираше написи и наслови во други портали со иста содржина.
Обвинителството ги има на располагање сите права и обврски да ја утврди точноста на сите дејствија за сите спомнати во записникот. Медиумскиот суд не може да биде замена за институционално постапување“, наведе Ременски неодамна на Фејсбук.