Ременски: Противењето на Иванов за интеграција на АРМ во НАТО е во корелација со ставот на Русија

Поддршката од Москва на изјавата на Иванов и оценките за Договорот што трајно го стабилизира регионот, е уште една потврда за свесното саботирање на стратешките интереси на Македонија од страна на носителите на руските одликувања во Македонија, реагира пратеничката од СДСМ, Фросина Ременски.

,,Светот и ООН скоро и да не памети мирно решавање на меѓудржавен спор по примерот на Македонија и Грција. Споровите или не се решавале воопшто и тлееле со години, или завршувале на мировни конференции или на зелена маса со постконфликтни мировни договори.

Чистиот легалистички пристап во решавање на меѓудржавните спорови без вклучување на безбедносен аспект и проценка никогаш не дал долгорочен резултат.
Договорот помеѓу Македонија и Грција е клуч за евроатлантските интеграции на државата и гаранција државна и регионална безбедност. Секое саботирање на овие витални интереси за безбедноста треба да биде прашање со кое треба да се занимаваат правосудните органи.

Однесувањето на Ѓорѓе Иванов (врховен командант на вооружени сили) кој се спротивставува на интеграција на Армијата во НАТО е во директна корелација со ставот на Русија за интеграција на земјите од Западен Балкан во НАТО“-пишува Ременски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e