Реконструкција на Владата, Заев чека одговор од партиите

Партиите кои се потенцијални нови владини коалициски партнери ги разгледуваат понудите на Зоран Заев. Премиерот изјави денеска дека е во постојан контакт со сите партиски лидери кои изразиле спремност да бидат дел од мнозинството. Синоќа телефонски разговарал со еден од нив, чие име не сакаше да го открие, па рече дека е подготвен да ги дополни и прецизира понудите.

Од Движењето Беса на Биљал Касами, потврдуваат дека на денешната седница на Централното претседателство ќе ја разгледаат понудата на премиерот. Функционерот на Беса на Африм Гаши, Шабан Зендели во емисијата „Патот кон“ на Алсат рече дека субјектот што тој го застапува е во финална фаза на преговори со Заев.

Македонија ја очекуваат многу големи предизвици, многу ангажмани, реформи кои треба да ги направи и во таа насока мислам дека Движењето Беса, ние како политички субјект сме подготвени и можеме да придонесеме да го дадеме нашиот придонес со нашите кадри“, изјави Шабан Зендели, функционер на БЕСА.

ДПА на Мендух Тачи и понатаму молчешкум ја разгледува понудата. Проширувањето на мнозинството се одолговлекува со месеци, односно од локалните избори минатата година. Потребата за проширување на коалицијата уследи по заминувањето на Алијансата за Албанците од Владата.

Извор: Алсат

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e