Регулаторна Комисија: Струјата ќе поефтини

Се очекува мало намалување на цената на струјата, но процентот  ќе се знае по седницата на Регулаторната комисија за енергетика закажана за утре.

Според барањата на енергетските компании, ЕВН побарала 9 отсто зголемување за крајните потрошувачи, а ЕЛЕМ побарале намалување од 1,5 проценти, додека МЕПСО не навеле процент. Конечната одлука се носи утре од страна на новиот состав на Комисијата.

Регулаторната комисија најави дека ќе се поедностави процедурата за приклучок на струја, но и дека има можност да се намали цената за приклучок која сега изнесува 500 евра, во општини кои имаат ДУП.

До крајот на наредниот месец регулаторите треба да достават критериуми до Владата за тендерот за избор на универзален снабдувач кој треба да се објави до септември. Според новиот Закон за енергетика домаќинствата сами ќе одлучуваат дали со електрична енергија ќе се снабдуваат од универзалниот снабдувач по регулирана цена, или од слободниот пазар.

Новиот состав на Регулаторна најави дека ќе се сретне со здружението „Но пасаран“ и со Балкан Енерџи Груп за инаоѓање на решение за исклучеените од парно греење да не плаќаат сметки.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e