Во последните 24 часа од направени 3.856 тестирања, регистрирани се 29 нови случаи позитивни на коронавирусот, од кои во Скопје – 8, Куманово – 3, Прилеп, Тетово, Битола, Гостивар, Охрид, Виница и Кратово по двајца, Велес, Радовиш, Делчево и Демир Хисар по еден.
Од Министерството за здравство информираат дека се регистрирани 50 оздравени пациент, а пријавени се шест починати лица на возраст од 40 до 95 години. Од пријавените, едно лице е починато во домашни, а другите пет во болнички услови.
Досега во земјата се направени вкупно 811.693 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на Ковид дијагностицирани лица од почетокот на епидемијата изнесува 155.407, бројката на оздравени пациенти е 148.960, на починати е 5.448, а бројот на активни случаи изнесува 999.
Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:
Заболени (вкупно) Активни случаи (вкупно)
Скопје 68563, Активни 395
Куманово 8843, Активни 109
Прилеп 8309, Активни 56
Тетово 7219, Активни 43
Битола 6298, Активни 51
Велес 5469, Активни 11
Гостивар 5179, Активни 28
Кавадарци 5153, Активни 8
Охрид 5008, Активни 53
Штип 4959, Активни 15
Струмица 4111, Активни 36
Струга 2981, Активни 23
Кочани 2789, Активни 12
Кичево 2568, Активни 40
Гевгелија 2194, Активни 9
Неготино 2184, Активни 8
Свети Николе 1523, Активни 9
Ресен 1234, Активни 9
Крива Паланка 1219, Активни 3
Радовиш 1160, Активни 23
Берово 1029, Активни 2
Делчево 972, Активни 10
Дебар 940, Активни 1
Виница 884, Активни 19
Пробиштип 789, Активни 0
Валандово 666, Активни 1
Богданци 494, Активни 2
Крушево 490, Активни 4
Демир Хисар 400, Активни 6
Демир Капија 396, Активни 0
Кратово 376, Активни 9
Македонски Брод 359 1
Пехчево 268, Активни 0
Македонска Каменица 249, Активни 3
Дојран 132, Активни 0.