Пратеникот Кастриот Реџепи гостува во вечерашното дебатно издание на „Click Plus“ на ТВ21.
На прашање на модераторот околу тоа зошто Беса излегла од Владата, Реџепи истакна дека тие се уште се дел од Владата, а моментално немало партиска одлука за тоа.
„Ние имаме 61 пратеник моментално. 61-от ќе го дознаете брзо. Освен тоа, ниту една партиска одлука нема за да излеземе од Влада. Не заседаваат партиски органи на оваа тема. Треба да почекаме. Не знам зошто се брзаат поединци во Беса. Треба да се почека. Да почекаме до 14 декември“, вели Реџепи.
Тој е убеден дека ќе добиеме датум за почеток на преговори.
„Од друга страна партијата Алтернатива чека пред вратите на Владата за да биде дел од неа, зошто ние да излеземе“, додава Реџепи.